монодрама | ж.
Драма во која настапува само една личност.
монокл | м.
Оптичко стакло за едно око.
монокотиледони | и.
Растенија со едно ливче во никулецот.
монокултура | ж.
Одгледување на една иста култура (тутун, ориз и др.) на поголема површина.
монолит | м.
Вајарско дело, конструкциски или декоративен елемент (столб, свод и др.), изработен од еден блок камен.
монолитен | прид.
Единствен, од еден камен изделкан. Монолитен столб.
монолог | м.
Говор на едно лице во драма, насочено кон самиот себе или кон слушатели, но без дијалог; говор на едно лице насамо. Долг монолог. Гласен монолог. Исповедувачки монолог. Патетични монолози.
мономанија | ж.
Болен нагон, склоност за вршење на некоја (најчесто недозволена) активност; преокупираност од една единствена идеја.
монопол | м.
Исклучиво право на нешто (производство на одредена стока или тргување со неа, одржување на некои служби и сл.). Државен монопол. Капиталистички монополи.
монополец | м.
Работник во монопол, во тутунски монопол.