монополизам | м.
Систем на монополи. Постои монополизам во наштата критичка мисла.
монополизација | ж.
монополизира | св. и несв.
Воспостави, воспоставува монопол во одредена стопанска или во некоја друга дејност. Ја монополизираа таа сфера.
монополист | м.
Тој што е член на монопол, што наметнува монопол во нешто, што го користи правото на монопол.
монополистички | прид.
Што се однесува на монополизам и монополист.
монополски | прид.
Што се однесува на монопол_2 Монополски работник. Монополски камион. Монополски кантари.
монотеизам | м.
Верување во еден бог, еднобоштво;
монотеист | м.
Човек што верува во еден бог, еднобожец;
монотеистички | прид.
Што се однесува на монотеизам и монотеист. Монотеистичка религија.
монотип | м.
Вид печатарска машина, што ја слага (лее) секоја буква одделно.