монотон | прид.

Еднозвучен. Монотон звук.

монотонија | ж.

Едноличност, еднообразност, здодевност. Доведе до монотонија. Ја разби монотонијата на секојдневјето.

Монровија | ж.

Главен град на Либерија.

монструм | м.

Чудовиште, страшило; изрод.

монструозен | прид.

Што се однесува на монструм; чудовиштен, страшен; грд; изопачен, суров. Монструозен план. Монструозен експеримент. Монструозна идеја.

монсун | м.

Сезонски ветер од постојан тип во тропскиот и умерениот појас, кој зиме дува од копното кон морето, а лете во обратен правец и носат обилни дождови. Летни монсуни.

монтажа | ж.

Составување и поставување на машини, уреди и сл., оспособувајќи ги за дејство. Монтажата на машините ќе трае еден месец.

монтажен | прид.

Што се однесува на монтажа, што се создава со монтажа на одделни делови. Монтажен столб. Монтажна куќа. Монтажни елементи. Монтажна бина.

монтажер | м.

Работник што врши монтажа на филм.