Монте Карло | ср.
Град во Монако.
Монтевидео | ср.
Главен град на Уругвај.
монтер | м.
Работник што монтира машини, уреди и сл.
монтира | св. и несв.
Изврши, врши монтажа. Веќе со денови ја монтираат куќата. Го монтираат филмот.
монтиран | прид.
Направен со монтажа. Машината е монтирана. Бараката е веќе монтирана.
Монтреал | м.
Град во Канада.
монумент | м.
Голем споменик. Му подигнаа монумент.
монументален | прид.
Што се истакнува со големината, величествен; што е голем, длабок по содржината. Монументален споменик. Монументална зграда. Монументална архитектура. Монументални дела. Монументално сликарство.
мопед | м.
Вид лесен мотоцикл.
мор | м.
Голема смртност, масовно умирање на луѓе или на животни поради болест или глад; помор.