мор! | изв.
Маро мор, немаш некое пиперче?
мора | ж.
Мачен сон; кошмар. Ноќни мори.
мора | несв.
Прави нешто против своја волја, има должност, обврска да прави нешто. Морав да бидам послушен. Мораш да го изедеш месото. Ќе морам да ве казнам. Мораше да го напушти градот. Морате да послушате. Тебе морам да ти кажам. Морам да признаам. Морам да одам. Морате да верувате.
морав | прид.
Темномодар; виолетов. Мораво кадифе. Морави очи. Жапчињата имаа морава боја на мевовите.
Морава | ж.
Река во областа Моравија, Чешка.
моравизам | м.
Лексеми од западнословенската лексика што е внесена во црковните книги во Моравија место некои јужномакедонски изрази.
моравина | ж.
Тоа што има боја на море, темно синило; модрина.
Моравија | ж.
Област во Чешка; средновековна словенска држава.
морал | м.
Систем од норми за однесувањето на членовите на едно општество. Патријархален морал. Висок морал. Здрав морал. Христијански морал.
морален | прид.
Што се однесува на морал. Морални норми. Морални дилеми. Морални поуки. Морална одговорност. Морални вредности. Морална победа.