морализатор | м.
Склон кон морални поуки; тој што се наметнува како проповедник на моралот. Вие сте строг морализатор.
морализира | несв.
Држи морални поуки, проповеда морал. Сенека не решава проблеми туку морализира.
моралист | м.
Приврзаник на строг морал, тој што држи до моралните правила. Тој е строг моралист.
мораториум | м.
Законски одредено одлагање, поместување на рокот за плаќање на долгови во вонредни услови.
морач | м.
Лековита, ароматична, зачинска, медоносна, хранлива и индустриска билка, висока од еден до два метра со пријатен мирис и вкус; Foeniculum vulgare.
морбиден | прид.
Болен, нездрав; морничав. Морбидно чувство. Морбидна слика. Морбиден случај. Морбидни приказни.
морбили | и.
Акутно заразно заболување, главно кај децата, со зголемена температура и изразена сипка по кожата; цвеќето, мали сипаници, ситни сипаници, ситна шарка, детски сипаници.
морга | ж.
Оддел во болница каде што се оставаат привремено телата на непознати мртовци или за аутопсија. Закопани во моргата на историјата.
море | ср.
Голема површина солена вода, дел од океан завлегува во копното. Плови по море. На отворено море. Отиде преку море. Длабоки мориња. Ширно море. Бурно море.
море! | чест.
(разг.) За потсилување на обраќањето кон маж и дете од машки пол. Море синко, немој така. Море мажу. Море човеку.