морен | прид.
Уморен. Морен сум веќе. Морен лежи во тревата. Морен поглед. Морни очи. Чекор морен.
морена | ж.
Огромен блок на материјал што го носат ледниците, наслаги од раздробени камења во планинска област создаден под влијание на глечери.
морепловен | прид.
Што се однесува на морепловство. Морепловни кораби.
морепловец | м.
Човек што плови по далечни мориња и океани, за истражувачки и други цели; поморец. Храбри морепловци. Добри морепловци. Познат морепловец.
морепловство | ср.
Пловење по мориња и океани, поморство.
мореуз | м.
Тесен дел морска површина кој разделува две копна и спојува две мориња, морски теснец.
морж | м.
Вид морски цицач, морски коњ; Odobaenus rosmarus.
морзеов | прид.
Само во изразот Морзеова азбука – код во кој секоја буква или знак е претставен со специјална комбинација од точки и цртички и се користи во морзеовиот телеграфски апарат.
мори | несв.
Пустоши, сотира (за болест, особено чума). Кај што мине, чума мори.
мори! | чест.
За потсилување на обраќањето кон жена (жени) и дете (деца) од женски пол. Мори невесто, дај од ракијата. Оф, мори мајко. Мори сваќе. Мори жени, доста плачете. Што ќе правиме, мори ќерко.