моринки | и.

Така се викаат првите дванаесет денови во месец август, по стариот календар, според кои се предвидува какво ќе биде времето во текот на годината, т.е. следните дванаесет месеци.

морија | ж.

Чума, епидемија од чума. Старецот беше тука, не можеа да го сотрат војните, мориите, гладот и жедта. Стравична морија. Чудна морија.

морков | м.

Двегодишно градинарско растение и неговиот портокалов корен кој се користи за храна; Daucus carota hortensis. Морковот е извонредно полезен зеленчук. Свеж морков.

морлија | прид.

мормон | м.

Припадник на северноамериканска верска секта која проповеда многубоштво и дозволува многуженство.

морнар | м.

Лице што служи во морнарица или на брод. Кралски морнари. Морнарите ги кренаа едрата. Морнарот си ја носи главата в торба.

морнарица | ж.

Бродовите на една земја (севкупно или од одреден тип) со луѓето и установите. Воена морнарица. Трговска морнарица. Служи во морнарица.

морнарство | ср.

Вештина во пловење по море; наука за поморството, наутика.

морнарче | ср.

Некои морнарчиња нудеа чај.

морници | и.

Студени трпки по телото. Морници ме лазат. Им залазија морници по телата. Студени морници. Морници слатки го лазат. Врели морници.