морничави | несв.
Предизвикува морници некому. Ја морничавеа земјата.
морничавморничавиот | прид.
Што предизвикува морници, страшен, ужасен. Морничави соништа. Морничав страв. Морничава глетка. Морничав плач. Морничава мисла.
моров | прид.
Морони | ср.
Главен град на Комори.
морски | прид.
Што се однесува на море. Морска вода. Морско летувалиште. Морски воздух. Морска сол. Морска милја. Морска теснина. Морски струи.
мортадела | ж.
Вид полутрајна, зачинета салама од свинско месо и парчиња сланина.
морталитет | м.
Број на смртни случаи во некоја популација или во однос на вкупното население во одреден временски период; смртност;
мортус | прид.
Само во изразот Мортус пијан – многу пијан.
моруна | ж.
Крупна морска и речна риба од која се добива црн кавијар; Acipenser huso. Изеде парче моруна.
морфема | ж.
Најмала значенска единица во составот на зборот (корен, претставка, наставка). Членска морфема. Суфиксни морфеми. Граматички морфеми.