мочка | несв.
Испушта моч.
мочко | м.
Недораснат, неспособен. Ги нарече мочковци. Мочко еден!
мочла | ж.
Недорасната, неспособна.
мочлив | прид.
Што многу моча, што често моча.
мочло | м.
мочне | св.
мочовод | м.
Канали низ кои се излачува мочката.
мочур | м.
Влажно, мокро земјиште, со специфична вегетација; бара. Почнаа мостови да мостат преку блата и мочури.
мочурен | прид.
Што се однесува на мочур.
мочуриште | ср.
Земјиште што е покриено со неистечна, застоена вода; бара. Се најдоа среде мочуриште. Живо мочуриште. Ловеа жаби во мочуриштата.