мошти | и.

Посмртни останки, коски од светец. Моштите на светецот. Неговите мошти имале чудотворна моќ.

мошус | м.

(зоол.) Вид елен без рогови чиј мажјак на стомакот има жлезда што лачи специфична миризлива супстанција; Moschus moschiterus.

мошусен | прид.

Што содржи мошус, што е со мошус. Не ги поднесуваше ориенталните цвеќиња заради нивниата тешка, мошусна сладникавост.

мој | прид.

Заменска придавка со посвојно значење – што ми припаѓа мене. Моите деца се понемирни од твоите.

моќ | ж.

Голема сила, способност за дејствување, за совладување. Разурнувачка моќ. Физичка моќ.

моќен | прид.

Што се однесува на моќ; што има голема сила, јак. Моќно оружје. Моќен поглед. Моќна држава. Моќна рака. Моќен творечки збор.

моќник | м.

Човек што има голема моќ, влијание, власт. Ја турка некој моќник. Локални моќници. Моќниците решаваат.

мрава | ж.

Ситен инсект од родот опнокрилци, кој живее во големи заедници; Formica. Жолти мрави. Мравите се качуваа по чардаците. Мравата го надви мастодонтот. Го оставија на мравите да го јадат.

мраварник | м.

Живеалиште, гнездо на мрави;