мразен | прид.
Многу студен, леден; замрзнат. Мразен предел. Мразна ноќ. Мразна вода. Мразно утро. Мразен поглед. Има очи мразни. Мразен укит.
мрази | несв.
Мрзне, заледува.
мрази | несв.
Чувствува омраза кон некого или кон нешто; не поднесува некого или нешто. Ги мразам јавните аукции. Го мразеше оружјето. Тој ја мразеше политиката. Мрази неправда. Ги учеа да мразат.
мразиште | ср.
Аугументатив од мраз. Мразиштата се топат напролет.
мразнина | ж.
Одајата се наполни со некаква мразнина.
мразница | ж.
Мразници ми полазија по жилите.
мразно | прил.
Студено, ледено. Се сетив на нив и ми иде штуро, мразно.
мразовен | прид.
Студен, леден. Ветрот донесе мразовни игли. Мразовен поглед. Мразовна стегнатост. Мразовни капки. Мразовна река. Мразовно време.
мразовец | м.
(зоол.) Вид инсект, штетник на овошките и на голем број шумски дрвја, гасеницата ги напаѓа листовите, цутните пупки и плодовите кај коскестото и јаболчестото овошје. Пеперугата мразовец ќе започне да се множи.
мразовит | прид.
Мразен, леден. Мразовит воздух. Мразовито јануарско утро. Мразовита ноќ.