мразулец | м.

Парче мраз, обично долго и тенко, што се фаќа на предметите од кои капе вода. На стреите висеа мразулци. Мустаќите му фатиле мразулци. На дрвјата се фаќаа мразулци. Мразулците се кршеа.

мрак | м.

а) Отсуство на светлина; темница. Ноќен мрак. Паѓа мрак. По некое време се навикнав на мракот. Светкавицата го расцепи мракот. Очите му блеснаа во мракот. б) Времето на смалена видливост откако ќе зајде сонцето, на преминот од ден во ноќ. Треба да се врати пред мракот. Беше мракот кога го виде селото. Околу мракот си дојдоа жените од нива. Наближи мрак.

мрака | ж.

Мрак. Среде глува ноќна мрака. Ќе намине она кога паѓа мрака. Не ќе е вечна оваа мрака.

мракобесен | прид.

Што се однесува на мракобесник. Мракобесен лик.

мракобесие | ср.

Гледишта и постапки на мракобесниците, дух на мракобесник. Таму владее ужасна тиранија, терор и мракобесие.

мракобесник | м.

Тој што е против просветата, науката и културата, човек со мрачни, назадни погледи.

мрамор | м.

мермер.

мраморен | прид.