мравка | ж.
Мравки го полазија. Ситни мравки. Вреден како мравка.
мравојад | м.
Американски тропски цицач, кој нема заби, има леплив јазик и се храни со мравки и термити; Myrmecophaga tridactyla.
мравски | прид.
мравулник | м.
мравјалник | м.
Живеалиште, гнездо на мрави. Го набљудуваше мравјалникот во дворот.
мравјарник | м.
мравји | прид.
Што се однесува на мрава, што е од мрава. Мравја киселина. Мравји јајца. Мравји лавиринти. Мравја врвица.
мраз | м.
Вода во цврста агрегатна состојба, замрзната вода; лед. Санта мраз. Лимонада со мраз. Во чашата стави три парчиња мраз.
мразарник | м.
мразарница | ж.
Просторија во која се чува мраз за разладување храна и пијалак. Нашата соба е цела мразарница. Собата беше жива мразарница.