мренка | ж.
Дем и хип. од мрена.
мрест | м.
Состојба кај рибите кога исфрлаат икра за оплодување. Тоа лето мрестот предвреме заврши.
мрестилиште | ср.
Место каде што се мрестат рибите.
мрести се | несв.
Исфрла икра, се размножува (за рибите). Рибите се мрестат. Секоја риба не се мрести во исто време.
мрешка се | несв.
Прави набори, се набира по површината. Езерото се мрешка. Ветерот ја мрешкаше водата.
мрза | ж.
Отсуство на желба за работа; немање желба да се прави што било. Го фати мрза. Мрзата е болест.
мрзелив | прид.
мрзелува | несв.
Времето го поминува во неработење.
мрзешен | прид.
Непријатен, немил, омразен.
мрзешник | м.
Човек што го мразат, омразен човек.