мрежест | прид.

Што личи на мрежа, што изгледа како мрежа. Мрежести чорапи. Мрежеста сенка.

мрежи | несв.

Покрива, обвива со мрежа.

мрежина | ж.

Густа мрежина му се фаќала на очите.

мрежница | ж.

Внатрешна опна на очното јаболко што ги прима светлосните дразби.

мрена | ж.

Вид речна риба; Barbus fluviatlis. Со јадица фаќаше мрени.

мренка | ж.

Дем и хип. од мрена.

мрест | м.

Состојба кај рибите кога исфрлаат икра за оплодување. Тоа лето мрестот предвреме заврши.

мрести се | несв.

Исфрла икра, се размножува (за рибите). Рибите се мрестат. Секоја риба не се мрести во исто време.

мрестилиште | ср.

Место каде што се мрестат рибите.

мрешка се | несв.

Прави набори, се набира по површината. Езерото се мрешка. Ветерот ја мрешкаше водата.