мрзи ме | несв.
Ме мрзи. Го мрзи да стане. Ја мрзи да се исчешла. Другите ги мрзеше да паметат.
мрзла | ж.
Мрзлива жена;
мрзлив | прид.
Што не сака да работи; што нема желба за работа. Мрзлив човек. Станаа мрзливи.
мрзливец | м.
Тој што е мрзлив; мрзло. Ги нарече мрзливци. Тој е обичен мрзливец.
мрзливка | ж.
мрзло | м.
Мрзлив човек; неработник. Ти си еден мрзло.
мрзне | несв.
Смрзнува, заледува. Рацете му мрзнат. Болката ми го мрзне срцето. Цел ден мрзневме во водата. Треба ли да мрзнам на студов?
мрк | прид.
Со боја меѓу жолта и црна или сива и црна, темножолт или темносив. Над реката стоеја надвиснати голите карпи, напластени со мрк, жолт и црвен варовник.
мрка се | несв.
Се пари (обично за овци). Овците се мркаат.
мркач | м.
Мажјак кој се мрка. Овен мркач.