мрсник | м.

Долен, бесрамен човек, никаквец.

мрсници | и.

Мрсни денови, денови кога се јаде мрсно. Во годината има повеќе мрсници отколку посници.

мрсно | ср.

мрснотија | ж.

Својство на тоа што е мрсно.

мрсотија | ж.

Мрсна храна, мрсни производи, месо и животинска маст.

мрсул | м.

Слузна течност што истекува од носот. Му течат мрсули.

мрсулав | прид.

Што испушта мрсули, што е измачкан со мрсули. Децата беа мрсулави. И лете и зиме тој е со мрсулав нос.

мрсулави | несв.

Испушта мрсули. Носот ми мрсулави.

мрсулавост | ж.

Особина и состојба на тој што е мрсулав.

мрсулко | м.

Тој што се мрсулави. Мрсулкото си ги брише мрсулите.