мрсулче | ср.

Се срамеа од своите мрсулчиња.

мртвее | несв.

Замира, живее во мртвило, без активност. Овде животот мртвее.

мртвен | прид.

Во изразот: мртвен ден – ден за помен на мртвите; задушница.Свадбата мина како на мртвен.

мртвенски | прид.

Што се однесува на мртвен ден, на мртвите. Мртвенски сон. Мртвенски покој. Мртвенски глави.

мртвило | ср.

Отсуство на желба за живот, безволност, рамнодушност, апатија. Го обзеде мртвило.

мртвица | ж.

Неистечна вода во речно корито, мртвак; блато, бара. Загази во мртвиците. Штркови се собраа покрај мртвицата.

мртво | прил.

Безживотно, како мртов. Левата рака мртво му паѓа. Градот мртво спие.