мрмор | м.

Нејасни гласови, тивко зборување на повеќемина, џагор.

мрмори | несв.

Зборува полугласно.

мрморко | м.

Човек што многу мрмори.

мрмот | м.

Вид глодар сличен на верверица само многу поголем, се храни со трева, семиња и плодови; Marmota marmota.

мрс | м.

Храна која содржи масти (месо, сланина, млечни производи и сл.). Виното се испи и мрсот се истроши.

мрсен | прид.

Што содржи маст, што е подготвен со маст. Мрсно јадење. Мрсна манџа.

мрси 1 | несв.

Јаде мрсна храна; пости.

мрси 2 | несв.

Преместува, расипувајќи го редот; заплеткува. Мрси конци. Мрси коса.

мрсипетко | м.

Човек што не држи пост.