Мртво Море | ср.
Солено езеро во Израел.
мртвороден | прид.
Мртов роден. Мртвородено дете.
мртвороденче | ср.
Дете што е родено мртво.
мртвост | ж.
мртка | несв.
Мрда по малку;
мртов | прид.
Што не е веќе жив, умрен (за човек), пцовисан (за животно), овенат, сув (за растение). Мртов човек. Мртво тело. Мртва птица. Мртво дрво.
мртовец | м.
Човек кој престанал да живее, мртов човек, покојник. Мртовците ги погребуваат. Жените плачеа над мртовецот.
мртовечки | прид.
Што се однесува на мртовец, што е наменет, својствен за мртовец. Мртовечки сандак. Мртовечка кола. Мртовечка книга. Мртовечки одар. Мртовечко бледило. Мртовечка вкочанетост. Сиво како мртовечко око.
мртовечница | ж.
Зграда или просторија во која се носат мртовците пред да бидат погребани.
мрцина | ж.
(разг.) Слабо, истоштено животно. Скарлет јаваше на некаква мрцина со клапушести уши.