мувлет | м.
Одреден временски период, рок. Му даде мувлет до утре. Дајте мувлет да ги собереме селаните. Осум дена имаш мувлет.
мувлив | прид.
Што е зафатен со мувла. Мувлив леб.
мувлија | ж.
мувло | м.
Несмасен човек; глупак.
мувлоса | св.
Се покри, фати со мувла. Лебот мувлосал.
мувлосан | прид.
Покриен, зафатен со мувла. Мувлосан леб. Сеното е мувлосано. Мувлосана хартија.
мувосерка | ж.
Ларви од муви, мали црвчиња.
мугра | ж.
Првите проблесоци на зората, рана зора, изгрејсонце. Бели мугри. Рани мугри. Први мугри. Студена мугра. Свежи мугри.
мудар | прид.
Паметен, разумен. Мудар човек. Мудра глава. Мудра поговорка. Мудар совет. Мудри зборови. Староста е помудра од младоста. Најмудриот од сите.
мудбак | м.
Просторија во куќата во која се готви и се чува храна. Топло е во мудбакот. Ја најде мајка му во мудбакот.