мудир | м.
мудрец | м.
Многу паметен, умен човек, со исклучително знаење и животно искуство; филозоф. Голем мудрец. Кралските мудреци. Итар Пејо е наш мудрец.
мудречки | прид.
Својствен на мудрец. Мудречко исчекување. Мудречка неизвесност.
мудроштина | ж.
Мудрост, голема памет, досетливост. Народната мудроштина.
мудрува | несв.
Се прави мудар, со важност го изнесува своето мислење за да направи впечаток на големо знаење и мудрост.
мудур | м.
Управник, старешина на област во турско време.
мудурлук | м.
Подрачје на власта на мудурот.
муезин | м.
Тој што ги повикува верниците на молитва од минарето на џамија.
мужде | ср.
Подарок за оној кој донел радосна вест, муштулок. Мислеше како некому да му земе мужде за доаѓањето на ранетиот.Собира муждиња.
муза | ж.
Божица, заштитничка на некоја уметност или наука, една од деветте Зевсови ќерки. Признава дека го бере она што го даваат музите. Музата на поетот. Музите молчат кога зборува оружјето.