мршојаден | прид.
Што се храни со мрши. Мршојаден ѕвер.
мршојадец | м.
(зоол.) Голема птица грабливка што се храни со мрши. Vulturidae. Орли мршојадци.
мршти се | несв.
Прави да биде набрано (лице, чело, веѓи), обично во незадоволство, лутење и сл.; мурти се. Го мршти челото. Неговото лице се мрштеше.
мрџгали | несв.
Валка, прави да биде нешто валкано, нечисто.
му | зам.
Кратка форма за индиректен објект од личните заменки тој, он; се употребува сама или со долгата форма - нему му; него. Му рече. Нему му ја остави куќата.
му! | изв.
Ономатопеја. За означување на рикот на говедата.
муабет | м.
Разговор, разговарање. Ти дојдов на муабет. Колку да се најдеме на муабет. Води празни муабети.
муабети | несв.
Разговара. Дојди да си муабетиме. Седат и си муабетат.
мува | ж.
Инсект од родот двокрилци, со многу подвидови. Муви го лазат месото, ќе го наплукаат. Го облетуваа роеви муви.
мувла | ж.
Паразит, вид габички кои виреат на влажни и непроветрени места. Мириса на мувла. Се нафатила мувла. Зелена мувла го покрила старото дрво.