музга | ж.
Бара, мочуриште.
музга (се) | несв.
музеј | м.
Установа во која се чуваат и се изложуваат предмети од научна и уметничка вредност: Сликарски музеј. Историски музеј. Археолошки музеј. Природонаучен музеј. Етнографски музеј.
музејски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на музеј. Музејски експонат. Музејска збирка.
музика | ж.
а) Уметност изразена преку тонови, тонска уметност. Вокална музика. Инструментална музика. Тивка музика. Духовна музика. Народна музика. Класична музика. б) Тонска уметност и нејзината теорија како училиштен предмет. Го запишаа на музика. Студира музика.
музикален | прид.
Надарен за музика. Детето е многу музикално.
музикалии | и.
Музички инструменти, ноти и други потреби на музичарите. Не можам да свирам, не ги носам музикалиите.
музикалност | ж.
Способност за разбирање и чувствување на музиката, дарба за музика. Неговата музикалност е ненаметлива.
музикант | м.
Тој што свири на некој инструмент. Музикантите од оркестарот. Први си отидоа музикантите.
музиколог | м.
Тој што се занимава со музикологија. Многу музиколози се интересирале за нашиите народни ора.