музикологија | ж.

Наука за музиката.

музиколошки | прид.

Што се однесува на музиколог и музикологија. Од неговите музиколошки перцепции резултира оваа интересна публикација.

музицира | несв.

Свири.

музичар | м.

Тој што се занимава со музика. Врвен музичар. Популарен музичар.

музички | прид.

Што се однесува на музика. Музички инструмент. Музичка академија. Музички педагог. Музичка вечер. Музичко творештво.

мук | м.

Рик на говеда. Мукот на затворениот добиток.

мука | несв.

Рика. Воловите мукаат. Телето мука. Кравата мукаше.

мукава | ж.

Дебел картон за кутии, корици на книги и др. На чевлите тој ставаше мукава, книга наместо ѓон. Ветерот носеше парчиња мукава. Корава мукава.

мукавен | прид.

Направен од мукава, картонски. Ѕидовите се уриваа небаре мукавени. Ги собра алиштата во стар мукавен куфер.

мукает | прид.

прид. неменл. (разг.) Внимателен, претпазлив, заинтересиран. Стори се мукает. Имај ја мукает невестичката. Сакам да ги имаш на мукает.