мукаетен | прид.
Ич не е мукаетен.
мукаетлија | прид.
Што е внимателен, претпазлив;
мукач | м.
Плачко.
муклец | изв.
Молк! Муклец, никој да не разбере!
мукне | св.
Нема ништо да лавне, да мукне.
муктар | м.
Старешина на маало во градот, селски старешина; Платен заштитник на имот и живот. Се повикуваат муктарите на одделните маала во Конакот. Оние што не сакале да ја прифатат заштитата на муктарите исчезнувале.
мула | м.
Врховен кадија, судија; угледен, учен човек. Се собрале кај мулата и барале убиецот да им биде предаден ним.
мулазим | м.
Турски офицер, поручник; млад судски чиновник.
мулак | м.
Муле мажјак.
мулат | м.
Мелез помеѓу бела и црна раса.