мултипликација | ж.

Умножување, зголемување на бројот на нешто. Мултипликација на несреќи. Хомонимијата е во основата на семантичката мултипликација на речничкиот фонд.

мултиплицира | несв.

Умножува, множи, зголемува број на нешто. Понекогаш во поентата целиот настан се мултиплицира. Песните ја мултиплицираат основната тема.

мумификација | ж.

Постапка за правење мумија, балсамирање и препарирање на трупови. Процес на мумификација.

мумифицира | несв.

Прави мумија, балсамира.

мумифициран | прид.

Направен мумија.

мумија | ж.

Труп зачуван од распаѓање со балсамирање.

мумла | несв.

Испушта неразбирливи гласови (обично за мечка); мрмори. Го допре муцето до главата на мечката и почна пискливо да мумла. Таа врти околу стожерот и тивко мумла.