мумурузница | ж.

Леб направен од пченкарно брашно.

мунасип | прил.

Умесно, добро, згодно; правилно. Имотот го поделија како што најдоа мунасип старците.

мунгос | м.

Вид глодар, сличен на мачка или куна, кој ги уништува змиите; Mungo mungos. Мунгосите ги истребиле змиите.

мундир | м.

Вид горна облека, капут, како дел од службена (најчесто војничка) облека, униформа. Таква боја имаат старите мудири на гарнизонските војници.

мундијал | м.

Светско првенство во некој спорт, најчесто фудбал.

муниција | ж.

Куршуми (поретко и други експлозивни убојни средства: мини, бомби и сл.) Боева муниција. Маневарска муниција. Фабрика за муниција. Немавме муниција за пушките. Штеди муниција.

мунѕа | ж.

Прекор, незлонамерен подбив или клетва; подбивен гест со дланката упатено кон лицето што се прекорува. Стариците ја испратија со мунѕи. Му пушти лоша мунѕа. Децата му правеа мунѕи.

мунѕоса | св.

Прекори, искара, проколне. Таа луто го мунѕоса.

мур | м.

мура | ж.

Бела елка; Pinus peuce.