мурџе | м.

Прекар за црномурен човек или за такво животно

мурџест | прид.

Мурџест пес.

мусака | ж.

Вид јадење од мелено месо и компири или ориз, модри патлиџани и др. Мусака од компири. Мусака од модри патлиџани.

мусандра | ж.

Голем ѕиден плакар со прегради, украсен со резба; обично за чување постелнина. Стоеше пред преполната мусандра. Детето се скрило во мусандрата.

мусе | ср.

муси се | несв.

мускат | м.

Вид мирисно грозје; Muscat.

мускатен | прид.

Што се однесува на мускат. Мускатен мирис. Мускатна арома. Мускатни вина.

мускета | ж.

Вид долга пушка што се пали со фитил.

мускетар | м.

Војник наоружан со мускета, пешадинец.