мускул | м.
Еластичен орган или негов дел кај човекот или животните кој со стегање, собирање и отпуштање овозможува движење на делови или на целото тело. Срцев мускул. Стомачни мускули. Мускулите му играа. Зацврстување на мускулите.
мускулатура | ж.
Систем од мускули на телото. Има развиена мускулатура. Срцева мускулатура.
мускулен | прид.
Што се однесува ма мускул. Мускулно влакно. Мускулно ткиво. Мускулна активност. Мускулни движења.
мускулест | прид.
Што има цврсти, развиени мускули. Мускулести раце. Мускулесто тело. Мускулест маж.
муслиман | м.
Припадник на муслиманската вера, мухамеданец.
муслиманство | ср.
Исламска вероисповед, ислам; мухамеданство. Ширењето на муслиманството.
муслин | м.
Вид лесна, тенка полупроѕирна свилена, волнена или памучна ткаенина. Носеше фустан од зелен муслин. Кошула од муслин.
мустак | м.
мустаклија | прид.
мустанг | м.
Полудив коњ од северноамериканските прерии.