мурал | м.

Слика нацртана директно на ѕид.

мураќип | м.

Мастило за пишување, црнило, туш. Испишан е со блед мураќип.

мураќиплија | прид.

Мастилен. Пишува со молив мураќиплија.

мургав | прид.

Со темен тен, црномурен, темен. Му пребледе мургавото лице. Мургава девојка. Беа мургави од прав. Мургава крава.

мургавина | ж.

Состојба на тоа што е мургаво.

мурго | м.

Име што му се дава на вол или куче со темна боја. Песот Мурго.

мурдар | м.

Запуштен, неуреден, нечист човек. Тргни ми се од патот, бре мурдару!

мурдарлак | м.

Неуредност; нечистотија. Говедата беа болни, заразени од мурдарлак. Не сака да ги гледа ваквите мурдарлаци.

муренка | ж.

Дудинка, бела црница, плод и дрво; Morus. Во дворот растеше муренка. Вареа ракија од муренки. Седнаа на трупот под муренката. боболкница.

мурти се | несв.

Се покрива со брчки, се набира; со брчкање (на лицето, челото) покажува незадоволство, загриженост, болка. Тој човек не знае да се мурти. Се муртеше од замор и жед.