мустаќ | м.

Долги влакна израснати над горната усна кај мажите. Едниот мустаќ му беше подолг. Црни мустаќи. Ги избричи мустаќите.

мустаќест | прид.

Што има (големи) мустаќи. Мустаќест момчак. Мустаќесто лице.

мустаќлија | прид.

Човек со (големи) мустаќи.

мут | прид.

мутав 1 | м.

Постилка или покривка од козина. Го покри со парче мутав. Долго го ткаеше невестинскиот мутав.

мутав 2 | прид.

Нем, што нема способност да зборува.

мутавџилак | м.

Мутавџиски занает.

мутавџија | м.

Занаетчија што изработува мутави, постилки или покривки од козина. Татко му беше мутавџија.

мутант | м.

Организам што претрпел промена во наследните особини.

мутација | ж.

(биол.) Наследно пренесување на некоја промена во организмот што не е резултат на вкрстување. Степен на мутација. Генетски мутации.