манија | ж.

(мед.) Психичко заболување коешто се манифестира со болна обземеност од некоја идеја и се карактеризира со нагли премини од еуфорични во депресивни состојби и обратно.

манијак | м.

Човек што има манија.

манијакален | прид.

Што има манија.

манлив | прид.

Што има мана, недостаток. Манливите овошки се тргаат настрана.

манлија | прид.

манометар | м.

Направа за мерење на притисокот на течни или гасовити тела во затворен простор.

маноса се | св.

Кај растенијата ‒ фати мана, болест. Сите цвеќиња ми се маносаа.