манир | м.
Начин на работа; постапка. Во работата не треба да се користат тие застарени манири.
маниризам | м.
Постојано повторување на иста постапка во творештвото; имитација.
манирист | м.
Претставник на маниризмот.
манифест | м.
Писмен проглас од власта за народот; писмен проглас до јавноста на политичко, културно или друго движење со програмска содржина. Манифест на мирот. Крушевски манифест.
манифестант | м.
Лице што учествува во манифестација. По улицата се движеше голема група манифестанти.
манифестација | ж.
Јавно масовно изразување на согласување или одобрување. По повод празникот се одржа голема манифестација на плоштадот.
манифестен | прид.
Што се однесува на манифест. Во неговата поезија среќаваме манифестна содржина.
манифестира | св. и несв.
Земе учество, учествува во манифестација.
манихеец | м.
Приврзаник на манихејството.
манихеизам | м.
Религиозно дуалистичко учење за вечно постоење и вечна борба на доброто и злото, коешто станало основа на богомилското движење.