мансарда | ж.
Просторија или мал стан под покривот; таванска просторија.
мансарден | прид.
Што се однесува на мансарда. Мансарден простор.
мантил | м.
Капут од потенок, полесен материјал, за пролет и есен.
мантија | ж.
Свештенички долг фустан, обично со црна боја, што се облекува над друга облека.
мануелен | прид.
Што се работи со раце, што работи физички. Мануелна работа. Мануелен работник.
мануелец | м.
Мануелен, физички работник.
манускрипт | м.
Рачно напишана книга, ракопис.
мануфактура | ж.
Поголема работилница заснована на рачно производство и внатрешна поделба на трудот.
мануфактурен | прид.
Што се однесува на мануфактура. Мануфактурно производство.
мануфактурист | м.
Лице што продава мануфактура;