Манчестер | м.
Град во Велика Британија.
манџа | ж.
Зготвено јадење, обично чорбесто.
манџија | м.
Лице што наоѓа мани, пребирлив човек.
Манџурија | ж.
Географски регион во Североисточна Кина.
Маор | м.
Припадник на етничка група, домородно население на Нов Зеланд.
мапа | ж.
Географска карта.
Мапуто | ср.
Главен град на Мозамбик.
марабу | ср.
Голема тропска птица, со силен клун и гол врат, мршојадец; Leptoptilus.
марама | ж.
Парче ткаенина, обично свилена или од друг лесен материјал, што се користи за покривање на главата, на вратот и сл., често како моден додаток;
марамче | ср.
Мало парче ткаенина или мека хартија што се користи за лични потреби;