мараска | ж.

Вид приморска вишна; Prunus cerasusvar. marasca.

мараскино | ср.

Ликер од мараска.

маратон | м.

(спорт.) Атлетска дисциплина, трчање на 42 195 м.

маратонец | м.

Учесник во маратон.

маргарин | м.

Маст, обично од растително потекло, што се користи во исхраната за готвење и за мачкање на леб.

маргаритка | ж.

Украсно растение што се одгледува во домашни услови и по парковите, но расте и диво со едноставни бели покрупни или поситни цветови; Leucanthemum vulgare.

маргина | ж.

Неиспишан простор на рабовите од листови хартија. На маргините на книгата имаше белешки со ситен ракопис.

маргинален | прид.

Што е напишан на маргините од лист хартија. Маргинални забелешки.

маргиналии | и.

Забелешки запишани на маргините на лист хартија.

маржа | ж.

Разлика меѓу набавната и продажната цена на трговска стока.