магдонос | м.
Градинарско растение со зелена боја и специфичен мирис што се користи како зачин при готвење; Petroselinum sativum.
магионичар | м.
Човек што има вештина да изведува трикови со кои остава впечаток дека има натприродна моќ. Магионичарот вадеше цвеќиња од ракавот.
магистер | м.
Степен на образование што се добива по завршување на постдипломски студии од определена научна област. Магистер по филолошки науки.
магистрала | ж.
Главна сообраќајна линија. Железничка магистрала. Автомобилска магистрала.
магистрален | прид.
Што се однесува на магистрала. Магистрален пат.
магистранд | м.
Тој што се подготвува за магистер.
магистрат | м.
(истор.) Во стариот Рим ‒ лице што има висока државна служба.
магистратура | ж.
Степен на образование; магистер.
магистрира | св.
Заврши постдипломски студии, добие степен магистер.
магичар | м.
Лице што се занимава со магија.