магичен | прид.

Што има својства и дејство на магија. Магичен предмет.

магија | ж.

Збир од дејства, обреди за кои се верува дека имаат натприродна моќ врз луѓето, животните и врз природните појави; волшепство.

магла | ж.

Згусната водена пареа што се создава ниско во атмосферата и ја намалува видливоста. Од густата магла не можеше да си го најде патот за дома.

маглив | прид.

Обвиен, исполнет со магла. Маглив ден.

магличав | прид.

Што е обвиен со слаба магла; замаглен. Врвовите од планината беа магличави.

магловит | прид.

маглоса се | св.

Замагли. Небото се маглоса.

магма | ж.

Вжештена растопена маса во внатрешноста на Земјата.

магнат | м.

Сопственик на големо претпријатие; многу богат човек. Индустриски магнат. Финансиски магнат.

магнезит | м.

Вид минерал, магнезиумов карбонат, што се користи во производството и за обложување на печки.