магаре | ср.
Домашно товарно животно, слично но помало од коњ, со долги уши; Equus asinus. Дрвата ги носеше магарето.
магарешки | прид.
Што потекнува од магаре, што припаѓа на магаре. Магарешки уши.
магарица | ж.
магаре_1_2
магаричар | м.
Тој што чува магариња.
магаричин | прид.
Што потекнува од магарица. Магаричино млеко.
магарост | ж.
Само во изразот Старост-магарост.
магарштилак | м.
магарштина | ж.
Глупава постапка, глупост. Додека беше мал, правеше разни магарштини.
магацин | м.
Просторија, обично голема, во која се чува разновидна стока, склад, складиште. Магацините беа преполни со стока.
магационер | м.
Човек што работи во магацин.