матен | прид.

За течност, стакло и сл. – што не е бистар; непроѕирен. Матна река. Матно стакло.

матеница | ж.

Пијалак направен од закиселено млеко обезмастено со матење

материца | ж.

Внатрешен женски полов орган во кој се развива плодот;

материчен | прид.

Што се однесува на материца. Матерично заболување. Матерична бременост.

материја | ж.

(физ.) Тоа од што е составено физичко тело. Органска материја. Неорганска материја.

материјал | м.

Тоа од што се гради, произведува; граѓа. Градежен материјал.

материјален | прид.

Што се однесува на материја, што е од материја; физички. Материјален свет.

материјализам | м.

(филоз.) Филозофско учење според кое материјата е почеток и основа на сè; идеализам.

материјализација | ж.

Остварување, материјализирање.

материјализира | св. и несв.

Направи нешто да биде материјално, вистинско, реално; оствари. Успеа да ја материјализира својата идеја.