материјалист | м.

Приврзаник на материјалистичкото учење; идеалист.

матерка | ж.

Лековито растение со виолетови цветови што се користи за чај, мајчина душица; Thymus serpillum.

мати 1 | несв.

Прави нешто да биде матно. Како стапнуваше во потокот, ја матеше водата.

мати 2 | несв.

За птица ‒ веде пилиња лежејќи на јајца.

матине | ср.

Концерт или претстава што се изведува претпладне.

матира 1 | св. и несв.

Во шахот ‒ дава мат, победува.

матира 2 | св. и несв.

Прави нешто да биде без сјај, мат.

матица | ж.

Целосно полово развиена пчела што несе јајца од кои се создава ново пчелно семејство.

матичар | м.

Административно лице што води евиденција за родените, венчаните и умрените. 2, Лице што венчава.

матичен | прид.

Што се однесува на матица. Матична книга.