Мадеира | ж.

Португалски островски архипелаг во Атлантскиот Океан.

мадем | м.

Рудник каде што се вади руда, чакал или плочи за покривање куќи.

мадијаторство | ср.

Посредништво.

мадрац | м.

Жичен дел од креветот; еластичен дел со федери.

мадригал | м.

(лит.) Ренесансна лирска песна со пасторално-љубовна содржина.

мадригалист | м.

Поет или композитор на мадригал.

Мадрид | м.

Главен град на Шпанија.

мадро | прил.

Мирно, послушно, покорно

мае | несв.

Задржува, застанува некого без потреба. Го маеше цел час, едвај си отиде.

маестро | м.

Мајстор, учител, специјалист.