маж | м.
Возрасно лице од машки пол. Децата не ги примаа војници, само мажите. Порасна детето, стана маж.
мажачка | ж.
мажествен | прид.
Што има силно изразени карактеристики на маж; Тој беше толку мажествен што сите жени се вљубуваа во него.
мажи | св. и несв.
Направи, прави женско лице да стапи, стапува во брак. Ќерката ќе ја мажат во сабота. Ја мажија за сиромав.
мажлец | м.
Заострен крај на мекото непце на дното од усната празнина; Epiglottis.
мажов | прид.
Што припаѓа на маж. Го зема мажовото презиме.
мажоретка | ж.
Девојка во униформа што учествува на парада или што изведува точка во паузите од спортски натпревари, обично во група.
мажјак | м.
Животно од машки пол; Мажјаците ги чуваа за расплод.
мазен | прид.
Што има рамна површина, што не е рапав. Мазна кожа.
мазиво | ср.
Средство за подмачкување машини (масло и сл.).