магнезиум | м.
Хемиски елемент, метал со сребренобела боја; симбол Mg.
магнезиумов | прид.
Што потекнува од магнезиум, што се однесува на магнезиум. Магнезиумов сјај.
магнет | м.
(физ.) Тело што има својство да привлекува железо, челик и други метални предмети.
магнетен | прид.
Што се однесува на магнет, што има својство на магнет. Магнетна игла.
магнетизам | м.
(физ.) Својство на некои тела да привлекуваат железо и други метали; магнетна сила.
магнетизира | св. и несв.
(физ.) Предизвикува дејство на магнетизам.
магнетоскоп | м.
Апарат за снимање и репродукција на тонски и видеоматеријали.
магнетофон | м.
Апарат со кој со помош на магнетна лента се снима и се произведува звук (музика, говор и сл.).
магнолија | ж.
Украсно дрво или грмушка со големи цветови слични на роза; Magnolia.
Мадагаскар | м.
Островска држава во Индискиот Океан, во близина на африканскиот континент.