мешко | м.
мешлест | прид.
Што има голем мев, стомак. Полицаецот беше крупен и мешлест.
мешло | м.
Тој што има голем мев, стомак.
мешне | св.
Промеша малку. Одвреме-навреме ќе го мешнеше ручекот.
мешница | ж.
гајда.
мешовит | прид.
мештанин | м.
Припадник на месно население. Мештаните беа многу гостопримливи.
мешунка | ж.
Плод од пеперугоцветните растенија, обвивка, чушка, кожурец во која се сместени зрна (грав, грашок, боранија, и сл.).
мешункаст | прид.
Што се однесува на растенија чиј плод е во форма на мешунка. Мешункасти растенија.
меѓа | ж.
Линија што разделува две ниви или два имота; граница.