меѓник | м.

Камен, дрво или некој друг знак со кој е обележана меѓата; граничник

меѓу | предл.

Во просторот среде две или повеќе лица, предмети и сл. Застана меѓу скараните браќа за да спречи тепачка.

меѓу- | претс.

Како прв дел од зборот може да означува: а) Дека нешто се наоѓа помеѓу деловите на тоа што е именувано со вториот дел (меѓукат, меѓупростор, меѓувреме); б) Дека означеното со вториот дел се однесува на повеќе такви елементи (меѓународен, меѓуградски, меѓудржавен).

меѓувреме | ср.

Време меѓу два настана или меѓу два периода. Во меѓувреме, додека ние бевме в училиште, тој заминал на езерото.

меѓувремен | прид.

Што се случува во меѓувреме.

меѓуградски | прид.

Што се одржува меѓу два или повеќе градови. Меѓуградски сообраќај. Меѓуградски телефонски разговор. Меѓуградски натпревар.

меѓудржавен | прид.

Што засега, што се однесува или што поврзува две или повеќе држави. Меѓудржавен договор. Меѓудржавен сообраќај. Меѓудржавен натпревар.

меѓукат | м.

Кат меѓу приземјето и првиот кат, мезанин; простор меѓу катови.

меѓународен | прид.

Што се однесува на повеќе народи, што засега повеќе народи, што поврзува два или повеќе народи; интернационален. Меѓународен сообраќај. Меѓународно право.

меѓунаслов | м.

Наслов во текст, меѓу делови од текст.