нарипа | св.

Се нафрли на некого, нагло нападне. Нарипаа од сите страни да го фатат.

наркодилер | м.

Тој што се занимава со растурање, продавање наркотици; продавач на дрога.

наркоза | ж.

Бесвесна состојба на човекот предизвикана со давање хемиски, опојни средства заради хируршка операција.

наркоман | м.

Тој што е зависен од наркотици.

наркоманија | ж.

Силна, болна зависност од наркотици.

наркотизира | св. и несв.

Опие, опива некого со наркотични средства, со наркотици.

наркотик | м.

Опојно средство од растително или од синтетичко потекло; дрога.

наркотичен | прид.

Што се однесува на наркотик, што има наркотик.

наробува се | св.

Помине долго време во робување.