нареси | св.
Накити, украси. Ја нареси уздата на коњот со китки и разни мониста.
наретко | прил.
Оддалечено едно од друго, не густо. Многу наретко го насадил пиперот.
нарече | св.
Даде име, прекар, назив, на некого или на нешто, именува некако. Жената ја нарече страдалница, и не згреши. Нè нарекоа прости, варвари, а ни го крадеа културното богатство. Тој метеж го нарекоа преселба. Цвеќето што го носеше го нарекле обетка.
наречие | ср.
наречник | м.
Тој што ѝ е од судбината определен на девојката да ѝ стане сопруг;
наречница | ж.
(обично во мн.) Според народното верување, три женски суштества што на третата вечер од раѓањето му ја определуваат судбината на детето.
наречува (се) | несв.
наречје | ср.
Група месни говори, во рамките на општонародниот јазик, што се обединуваат меѓу себе по ред заеднички јазични црти; дијалект. Западномакедонско наречје. Југоисточно македонско наречје.
нарилник | м.
Посебна направа што се става на муцката на животните да не можат да касаат.
нарине | св.
Со ринење нагребе, собере нешто. Нарини го ѓубрето и исфрли го на буниште.